Отворен првиот Саем на Книга на отворено- Ајде да читаме
Струмица за прв пат ќе биде домаќин на заеднички промотивен настан на којшто учество ќе земат 12 издавачки куќи.
Струмичани ќе имаат голем избор на книги, за сечиј вкус и по цени за сечиј џеб. Од белетристика, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право и политика, енциклопедии за деца и возрасни, духовна литература, поезија…
Секој ден од 23 до 29 мај на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ со времетраење од 10:00- 21:00 читателите ќе може да си ги купат најдобрите дела од Матица, Сакам книги, ТРИ, Култура, Антолог, Ѓурѓа, Наша култура, Макавел, АРС Ламина, Бегемот, Магор, Мартина.
За времетраењето на Саемот ќе има автори-домаќини кои ќе ги презентираат и потпишуваат своите најнови дела.
Саемот на книга под мотото Ајде да читаме е во организација на Младински совет, Академија „АБЦ“ и ЛУБ „Благој Јанков – Мучето