Во СОУ „Никола Карев“ се одбележа Денот на училиштето
Учениците и вработените во средното општинско училиште „Никола Карев“ денеска го одбележаа Денот на училиштето. Одбележувањето почна со свечена академија која што синоќа се одржа во домот на АРМ на која што беше изведен рецитал за животот и делото на патронот, настапија хорот и играорната група, а премиерно беше изведена драмската претстава „Власта е убава“ во изведба на драмското студио. Денеска пред пред бистата на Никола Карев во училишниот двор беше положено свежо цвеќе, се одржа поздравен говор и рецитал, а беше отворена и изложбата „Историја за сегашноста“.