Одбележан Денот на училиштето во ООУ „Видое Подгорец“
По повод Денот на училиштето, учениците и вработените во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ подготвија богата програма насловена „Шарената птица на младоста“. На свеченоста присуствуваа претставници од одделението за образование во општина Струмица, членови на семејството на Видое Подгорец и почитувачи на неговото дело. Со звуците на училишниот оркестар, песната на солистите и силниот збор на рецитаторите, се оддаде почит на великанот на детската литература Видое Подгорец. Вредните вљубеници во убавиот пишан збор беа наградени со пригодни награди, а вредни беа и малите ликовни уметници.