Александра Јанева со свој концерт за Велигден
После нејзиното прво учество на нашиот велигденски хуманитарен концерт во 2012 година на македонските портали осамнаа натписи за талентот на „струмичката Џеси Џеј“. Еве ја пак, 5 години подоцна – миленичката на струмичката публика со свој концерт. Сè уште почетник на националната музичка сцена, а бренд за својот град.
а досегашната поддршка Александра на струмичани ќе им подари едночасовно шоу на големата сцена во НУЦК „Антон Панов“. Нејзинот настап како солист на COVERLAND, состав од инструменталисти од Македонска опера и балет, ќе се случи на 24 април (недела) со почеток од 20:00 часот. Овој хуманитарен велигденски концерт и годинава ќе се одржи под мотото „Да ја разбудиме хуманоста“. Влезницата ќе чини симболични 100 денари и средствата ќе бидат наменети за помош при лекување на наши сограѓани.
В четврток, на 21 април средношколците и основците од струмичките училишта ќе бидат дел од големиот велигденски марш како најава за празничниот концерт.
„Единствена наша цел ќе биде уште еднаш, неуморно, да поттикнеме раст на хуманоста. Празничните моменти се можеби најдобар повод за повторно да се потсетиме на вистинските вредности“, вели Сања Стратарска – координатор на проектот.
Концертот и хуманитарниот марш се дел од програмата на Младински совет за 2015/16 година.