10 Причини Зошто да Почнете да Возите Велосипед ВЕДНАШ!
Рекреативното возење велосипед е одлично за подобрување на кондицијата, намалувањето на проблемите поврзани со високиот крвен притисок и за зголемувањето на издржливоста на организмот. Тоа влијае на зајакнување на имунитетот, го поттикнува варењето и го намалува стресот. Сите овие позитивни ефекти го прават велосипедот една од најделотворните вежби и затоа е дел од многу програмски тренинзи.
Лесен начин за согорување калории
Возењето велосипед е подобро од трчањето за луѓето со прекумерна тежина. Зошто? За време на трчањето удирањето на стапалата на тврда подлога предизвикува микро траума на колената, и со само тоа кај лицата со зголемена телесна тежина трчањето може да направи повеќе штета отколку корист. Секако, не велиме дека трчањето е лошо, но прво намалете ги килограмите.
Возењето велосипед, од друга страна, е лесен начин за согорување на калориите и вишокот на масни наслаги. Жена која има околу 60 килограми може да потроши околу 480 калории со 60 минутно возење велосипед, со просечна брзина од 20 до 25 км на час. Колку побрзо возите, толку повеќе калории можете да согорите, но експертите не препорачуваат нагло да вложувате премногу напор, туку постепено да се зголемува интензитетот и брзината на возењето, со цел организмот да не се оптовари премногу.
Го подига нивото на енергија
Доколку сте уморни и безволни, возењето велосипед ќе го зголеми нивото на енергија до 20%, а ќе го намали чувството на умор до околу 60%. Ова се случува како резултат на тоа што велосипедизмот го поттикнува лачењето на допамин, хормонот кој е меѓу другото, поврзан и со нивото на енергија. Дури и спорото возење, три пати во неделата може да влијае да се чувствувате подобро.
Ги обликува мускулите
Додека ги вртите педалите, ги активирате мускулите на потколеницата, предната и задната страна на натколеницата, мускулите на бутовите и задникот, но и мускулите кои му помагаат на телото да биде во исправена положба – стомачните и мускулите во долниот дел од телото. Во исто време, се активираат и трицепсите на рацете, особено ако возите на угорница.
Го чува срцето
Истражувањата покажуваат дека лицата кои возат велосипед со умерено темпо три пати во седмицата по половина час, имаат понизок холестерол и крвен притисок. Токму поради ова, лекарите советуваат возење велосипед половина час без прекин.
Позитивно влијае на сонот
Истражувањата покажале дека лицата кои практикуваат возење велосипед (секако и други физички активности) најмалку 30 минути во текот на денот, многу побргу заспиваат и имаат поквалитетен сон од лицата кои не возат велосипед.
Ќе изгледате помлади
Со физичка активност, во случајот возење велосипед, го поттикнувате ослободувањето на токсините низ порите на вашата кожа. Научниците на Универзитетот Станфорд дошле до заклучок дека кожата на лица кои возат велосипед и практикуваат физички активности на отворено е многу поотпорна на UV зраците во однос на лицата кои се помалку активни.
Го подобрува варењето
Дигестивниот систем кај многу лица е дисбалансиран, поради забрзаниот начин на живот и лошата исхрана. Возењето велосипед ја подобрува работата на цревата и со самото тоа, има позитивно влијание на дигестивниот тракт.
Ја подобрува работата на мозокот
Вртењето со педалите ја поттикнува работата на хипоталамусот, дел од мозокот кој е одговорен за меморијата. Како и останатите мускули во телото, така и хипоталамусот расте со вежбање. Едно заедничко истражување на универзитетите од Илиноис и Питсбург, покажала дека физички активните лица имале поголем хипоталамус и покажале 40% подобри резултати на тестовите за меморија.
Го подобрува сексуалниот живот
Физичката активност го подобрува васкуларното здравје, кое директно влијае на сексуалниот нагон, велат американските здравствени експерти. Истражување направено на Универзитетот Корнел покажало дека машките атлети имаат сексуална моќ еднаква на мажите кои се пет години помлади од нив, како и дека физичката активност може да ја одложи менопаузата кај жените за истото времетраење.
Од друга страна пак, истражување направено на Универзитетот Харвард покажало дека мажите над 50 години кои возат велосипед барем 3 часа во текот на неделата покажуваат 30% помал ризик од импотенција од оние кои вежбаат малку или воопшто.
Се грижите за животната средина
Возејќи велосипед го заменувате загадувањето на околината со штетни гасови, со дишење чист воздух (ако возите во природа!).
Ако ова не ви е доволно еве уште некоја причина плус:
За да возите велосипед не ви треба возачка.
На секое место ќе стигнете побргу од пешки, а ќе се нервирате помалку отколку кога возите автомобил.
Со велосипед ќе стигнете секаде побргу отколку со јавен превоз, нема станици, нема чекање, нема турканици.
Не ви треба паркинг.
Немате трошоци за бензин.
Никогаш нема да ве застане полиција затоа што возите пребрзо.
Не треба да се грижите за метежот во сообраќајот.
Може нема да изгледате како Одри Хепберн додека вози велосипед, но секако ќе изгледате убаво.
Состанок со возење велосипеди е многу романтичен.
Ќе бидете среќни!
Извор: LadyBook