Во Ќустендил, Р. Бугарија, се одржа еднодневна работилница за изработка на детски цртежи со еколошка содржина

На ден 22.05.2018 година, во Ќустендил, Р. Бугарија, како дел од реализацијата на проектот „Еко-градинки за одржлива иднина“, се одржа еднодневна работилница за спроведување на ликовни активности за изработка на детски цртежи со еколошка содржина од страна на децата од детската градинка „Детска Радост“ од Струмица и детската градинка „Први Јуни“ од Ќустендил, Р. Бугарија на тема „Природни ресурси – придобивки и заштита”.


Целта на работилницата беше развој на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата од двете градинки и примена на претходно стекнатото знаење за теми од областа на еколошкото образование како што се одржливо искористување на природните ресурси, заштеда на енергија, заштеда на вода, заштита на животната средина и слично преку изработка на детски цртежи со еколошка содржина со користење на интерактивен и креативен пристап. Беа изработени вкупно 40 цртежи.
На работилницата учествуваа 40 деца, 40 родители и 10 претставници на воспитно-образовниот персонал од детските градинки во Струмица и Ќустендил.
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија 2014-2020.

Напишете коментар