Уште Еднаш Поплава на ул. Ѓорѓи Василев
Како по традиција после секои обилни дождови, при услови на немање градски базен, жителите на раскрсницата помеѓу улица „Ѓорѓи Василев“ и улица „генерал Боро Поцков“ добија уникатна можност да тренираат пливање слободен стил, да заиграт ватерполо како и да уживаат во езерцето веднаш пред своите домови.
Секако кажаното погоре е со хумористичен пристап и за малку ќе беше остварливо доколку водата која се собира не доаѓаше од канализациите. Добивме многубројни поплаки од тамошните жители бидејки овој проблем се одолговлекува веќе со години. Секоја нивна пријава на проблемот завршува со ветување дека решавањето на тој дел е со најголем приоритет. Тие се загрижени бидејки следува период од годината кога обилните врнежи се сѐ почести, а вода сеуште се собира после секој дожд. Решението, како што ни пренесуваат, е да се додаде уште еден слој асфалт на ул. „Боро Поцков“, но поради непознати причини веќе со години наназад не се исполнува.
Како потврда за тоа дека со секој дожд овој дел од градот редовно се поплавува говорат и сликите на Google – Street View направени во Јуни оваа година: