Состојбата на патиштата во Струмица и Струмичко

После последните врнежи, состојбата на патиштата во Струмица и околните населени места уште повеќе се влоши. Така добивме инспирација да го напишеме овој пост, па можеби ќе стигне до надлежните органи и ке покренат некоја иницијатива да ги санираат патиштата, кои се во толку лоша состојба што најдобро би било да се стави целосен нов слој на асфалт.

Направивме едно видео, почнувајќи од улуца Ленинова, возејки по транзитниот пат, па потоа до с. Дабиље. Во скоро време исто видовме објавни на други локални портали како жителите од село Просениково се жалеа на состојбата на патот до нивното село. Исто така сакаме да нагласиме дека патот Струмица-Дабиље кој требаше да биде од 4 ленти до влезот на Дабиље и требаше да биде готов до Декември 2024-та година шутре не е ни во завршна фаза.

Инаку патот со две ленти на излезот од Струмица до раскрницата со Сачево е готов и му фали само уште еден горен слој на асфалт, па би било добро ако се направи ова и се отвори тој пат наместо да се користи импровизираната обиколница, која никако да се санира со асфалт и само се крпи со песок.

Погледнете го видеото за овој патен правец:

За крај една наша идеја ако веќе не може да се реализира пат Струмица – Дабиље со 4 ленти, имаме идеја претставена во следното видео. Каналот што оди од Струмица до Дабиље е цементиран (во видеото реков асфалтиран), така ако се исќисти каналот и ако се покрие како што се направи со “поројот” во Струмица, ке се намали миризбата кои ја осеќаат градот и околните села и може да се направи уште еден спореден пат. Погледнете го видеото:

Се надеваме дека овој пост ќе биде сватен добронамерно и ќе имаме обезбени технични исправни патишта за безбеден сообраќај.

Напишете коментар