Се Одржа Традиционалната Празијада во Градашорци
Со богата културна уметничка програма, денеска во дворот на црквата св.Никола во Градашорци се одбележа денот на празот.
Присутните гости имаа можност да ги вкусат познатите специјалитети направени од вкусниот праз.
Дворот беше претесен да ги собере гостите од повеќе населени места и градови.
Гостите ги поздрави и министерот за земјоделство г. Михаил Цветков.
Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на о. Василево, г.Ванчо Стојанов.
Свој настап имаа КУД Кавалџии од Штука, КУД Илинден од Радичево како и Газелите од Радовиш.
За забавниот дел се погрижи групата Модус и Благица Калева.