Прес Конференција на Вмро Дпмне за Индустриската Зона Сачево
Денеска во индустриската зона на Сачево, советниците од Вмро-Дпмне одржаа прес конференција на која го прашаа градоначалникот Зоран Заев каде се 18 фабрики што требаше да никнат во оваа индустриска зона.
Еве интегрален текст од денешната прес конференција.
Се наоѓаме во индустриската зона Сачево каде според ветувањата на градоначалникот во заминување Заев,во текот на 2011 година требаше да се отворат 2000 работни места.Се фалеше дека ќе одржи лекција на Владата на Република Македонија во привлекување на инвестиции.Заев ниту одржа лекција ниту го исполни ветувањето.Глетката околу нас е поразителна.
Вистината е сосема друга.И после 4 години на оваа место нема ниту една фабрика и ниту едно вработување.
Како по обичај Заев пак не излажа.
Револтирани од неисполнување на дадените ветувања од оваа место сакаме да му порачаме на градоначалникот да ни се извини и како морален чин да си поднесе неотповиклива оставка и да распише вондредни градоначалнички избори.
На струмичани не им треба градоначалник како Зоран Заев кој со години ги лаже и не ги исполнува дадените ветувања.