Отворен нов наплатен центар на ЈПКД “Комуналец“
Од денес 1 август 2018 година на располагање на граѓаните е и новиот наплатен центар на Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ во близина на храмот “Свети Петнаесет Тивериополски Маченици“ на улица “Бетовенова“, каде граѓаните, а посебно оние кои живеат на овој дел од градот,освен наплата на сметки ке можат да се информираат за се во врска со наплатата на вода и смет.