ЈПКД Комуналец Струмица доби ново возило за отпад вредно 150 илјади евра
ЈПКД „Комуналец“ Струмица доби ново специјализирано возило наменето за собирање и транспорт на комуналниот отпад. Вредноста на набавката изнесува околу 150 илјади евра. Проектот е реализиран преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со финансиско учество на Општина Струмица. Од вкупната инвестиција од девет милиони денари, шест милиони денари се обезбедени преку Центарот, додека три милиони денари се издвоени од општинскиот буџет. Со воведувањето на ова возило се подобруваат техничките капацитети на претпријатието. Целта е создавање услови за поефикасно извршување на комуналните услуги во градот.
Прочитајте и: Ново комунално возило за Струмица: набавка од 150 илјади евра, Комуналец добива нови машини за метење и цистерна
Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица
