Меси и неговиот татко осудени на 21 месец затвор
Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси и неговиот татко, Хорхе денес добија пресуда од страна на судот во Барселона, според која добија 21 месец затворска казна. Причината за истата се проневерените 4 милиони евра.
Овој јуни, Аргентинецот беше обвинет за проневера на пари од личните права на фудбалерот, а истите биле сокриени во 2007, 2008 уи 2009 година. Исто така, на двата им се заканува и парична казна, заради користење на законски дупки во Белизе и Уругвај, како би сокриле пари заработени од личните права на играчот.
Сепак, тие ќе го избегнат затворот, бидејќи во Шпанија секоја пресуда под две години би можела да се одлежи под условна казна.