Граѓаните заслужуваат мирен и квалитетен живот
Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа работна средба со началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски и неговите соработници и со директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Митко Бујуклиев, на која што се разгледуваше безбедноста во градот, а на која се почесто реагираат граѓаните, посебно за нарушувањето на јавниот ред и мир во вечерните и ноќните часови во овој период од годината. Беше заклучено во наредниот период да се спроведе координирана акцијаво во која посебен акцент ќе се стави на узурпацијата на тротоарите и јавните површини, бучавата предизвикана од угостителските објекти и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.