General Electric кажа збогум на штедливите CFL светилки
Пред само неколку години, штедливите односно CFL (Compact Fluorescent Light) светилките беа добар избор за потрошувачите кои бараа поефикасна варијанта за замена на стандардните жаречки светилки. Но, со подобрувањето на квалитетот на LED светилките, и особено со падот на нивната цена, производителите и трговците во целост се вртат кон тој избор.
„Сега индустрискиот гигант General Electric оди чекор понатаму и вели збогум на енергетски ефикасните CFL светилки“, пишува NewYork Times. Компанијата објавила дека го запира производството и продажбата на овие светилки во САД до крајот на годината. „Сега е вистинското време да се премине од CFL на LED“, вели шефот за конвенционално осветлување на оваа компанија.
Инаку, во 2014 година, LED светилките сочинувале 5% од американскиот пазар. На полиците на големите трговски ланци, се помалку има CFL светилки. Меѓу нив се и Walmart и Idea, која минататa година во целост се откажа од CFL и премина на LED светилки.
Преземено од Порта 3