Евро – визија: Конкурс за „Карневалски слики 2015“
Здружението на граѓани „Евро-визија“ го отвора годинешниот конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2015“ на кој може да учествува секој кој има да сподели со нас фотографија од последната (минатогодишна) едиција на карневалските денови во Струмица.
Фотографиите можат да се испраќаат на email адресата на Здружението Евро – Визија [[email protected]] кое е формирано да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности. Ова е шеста година по ред да се организира конкурсот за “карневалски слики“ со кој дополнително се промовира и афирмира идејата на струмичкиот карневал, а оваа година се очекуваат уште повеќе заинтересирани фотографи.
Доволно е само да испратите фотографија на која има забележано дел од атмосферата од минатата година со вашите лични податоци како би биле во можност да стапат во контакт со Вас членовите на жирито и на здружението „Евро – визија“.
Дали и Вие имате фотографија од последното издание на карневалот? Да се потсетиме како беше и полека да се подготвиме за уште едно спектакуларно издание! Од здружението ветуваат убави награди!