Даниел Миловановиќ, напаѓачот на Академија Пандев на проба во Киево Верона

Даниел Миловановиќ, младиот и талентиран напаѓач на Академија Пандев, изминатата недела беше дел од младинската школа на италијанскиот прволигаш Киево Верона

Тој таму замина како награда за одличните игри на неодамна завршениот турнир за младински категории Вијареџо 2016 година каде што Академија Пандев, како што е и пракса изминативе години, зема активно учество. Миловановиќ, како и многу други играчи на струмичката фудбалска академија, влезе во нотесите на многубројните менаџери кои престојуваа таму, а очигледно најубав впечаток оставил кај луѓето од Киево. Тој замина во Верона изминатиов вторник и престојуваше таму до денеска. Се надеваме дека Миловановиќ оставил добар впечаток и дека тој наскоро повторно ќе замине за Италија овој пат и за да остане таму. Тој веќе утре повторно заминува, овој пат како дел од македонската експедиција на Кипар, каде што репрезентацијата до 19 години ќе одигра двомеч со домаќинот.
Sport.com.mk

Напишете коментар