Анксиозност- Болест на Денешницата
Поради се поголемиот стрес на работа, динамичниот живот и се помалку слободно време, луѓето почнуваат да се соочуваат со необјасниви здравстени проблеми, и токму ваквата состојба на човечкото тело и ум се нарекува анксиозност. Всушност, некои не ја сметаат анксиозноста како вистинска болест, која што заслужува посебен третман, бидејки честопати истата се поистоветува со хипохондријата. Станува збор за нешто поразлично.
Анксиозноста влијае на целото наше битие, на тоа како се чувстуваме, како се однесуваме со другите луѓе и истото има многу реални физички симптоми. Анксиозноста наликува на нешто како страв или благ немир,но со таа разлика што кога се плашиме, знаеме која е причината за нашиот страв, но не ја знаеме причината за нашата анксиозност.
Најголемиот причинител на анксиозноста е стресот со кој што се соочуваат луѓето во секојдневниот живот. Некои од нас се повеќе подложни на анксиозност од другите. Таа многу често може да биде предизвикана и од негативни мисли.
Како ќе познаете дека сте анксиозни?
Покрај тоа што ќе чувствувате загриженост и страв (најчесто поради непозната причина), исто така може да искусите некои од следниве симптоми:
• Напнатост во мускулите
• Треперење на телото
• Болки во стомакот и дијареа
• Вртоглавица и главоболка
• Потскокнување на срцето
• Болки во грбот
• Вкочанетост на телото или бодежи во рацете и нозете
• Потење
Важно е да се напомене, дека многу често симтомите на анксиозноста можат лесно да се помешат со некоја физичка болест, и да се плашиме дека можеби страдаме од срцев удар. Ова се разбира, уште повеќе ја зголемува анксиозноста.
Кога анксиозноста станува проблем?
Сите ние понекогаш стануваме аксиозни, сакале или не. Проблемот настанува кога истото се коси со неможноста на извршување на секојдневните обврски или пак продолжува да се случува дури и откако ќе помине “ опасноста”. Избегнувањето на ситуации кои што не прават анксиозни може да ни помогне да се чувствуваме подобро на краток рок. Вистинскиот проблем лежи во тоа што анксиозноста продолжува да ни се случува и почнува да се проширува во резлични секојдневни ситуации, што може да предизвика избегнување на големи гужви и места како супермаркети, трговски центри, предавања на факултет и сл. Иако избегнувањето на проблемот можеби ќе ни ја олесни работата привремено, следниот пат ќе биде уште потешко да се соочиме со истата ситуација.
Што да направите за да се чувствувате подобро?
• Научете се да го менаџирате стресот, така што ќе го намалите притисокот кој што сами си го поставувате на работа, и задолжително правете паузи;
• Научете неколку релаксирачки техники, како физичка релаксација, медитирање, возење велосипед во природа итн;
• Грижете се за своето здравје,така што ќе ја подобрите вашата исхрана, редовното спиење и ќе ја зголемите физичката активност;
• Вежбајте длабоко вдишување и издишување, вдишувајќи длабоко низ нос, и издишувајќи лесно низ уста, притоа визуелизирајќи си како стресот и напнатоста го напушта вашето тело;
• Позитивни мисли, се секогаш добредојдени за да не излечат од ваквата ситуација. Затоа заменете ја “касетата” во вашиот ум, која што упорно ви повторува дека не можете да направите нешто, со позитивен став, дека ништо не е невозможно.