Изчезнува ли старата архитектура во Струмица
Градот Струмица е богат со историја и традиција,наоколу можат да се забележат градби кои се неми сведоци на времето и на богатото минато на срумичаните.За жал во последно време овие споменици на староградската архитектура пополека се оставени на работ на уништувањето.Се помалку се заштитуваат или реновираат ваквите споменици на староградската струмичка архитектура.
Куќата на семејството Хаџитосеви е восхитувачка не само по својата големина,туку и по својот отворен чардак.Приземјето е градено од камен и служело како стопански дел со три простории,додека другите два ката биле користени за домување.Одаите на катовите се поставени по должината на чардакот,со прозорци што гледаат кон него.Декоротивните елементи на фасадата како и релјефната декорација над прозорцитте го потврдуваат влијанието на увезните европски форми.Сето тоа е успешно споено со старата домашна градителска традиција,како редок пример во обликувањето на старата струмичка архитектура.За жал во последно време старата архитектура пополека го губи својот сјај,бидејќи мал дел од вакви страгорадски споменици се заштитуваат или реновираат.