Фарсата од Дивизија со видео запис на песната Ланец
Членот од струмичката група Дивизија (Фарсата) ,инспириран од моменталната состојба која се случува последниве неколку години во државата, пушти трака во етер пропратена со видео запис, а носи насловЛанец.
Траката е прва најава за вториот албум на Дивизија кој ќе носи наслов Стереотип и ќе треба да излезе во текот на оваа година. Траката е снимена во студиото на Дивизија, додека како продуцент се има потпишано Фундамент. Околу видеото се имаат погрижено Владислав Гавриловски и Горан Симјановски.
Дивизија за некоја недела најавуваат уште едно видео за трака која ќе се наоѓа на албумот каде што ќе се појават сите членови од групата, а до тогаш слушнете ја тракта на Фарсата и погледнете го видеото кое се наоѓа под содржината.
Преземено од Dns.MK