Општина Струмица финансиски го поддржа учеството на ФК „Академија Пандев“ на турнир во Италија
Младинскиот тим на Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ ќе учествува на 68 издание на престижниот турнир Viareggio Cup 2016 кој што ќе се одржи во Италија. Тимот кој брои 34 членови од кои 25 фудбалери, а останатите се членови на стручниот штаб, денеска, напладне, заминува за Италија и ќе ја има честа да настапи на отварањето на турнирот против минатогодишниот освојувач на истиот, тимот на ФК „Интер“. Натпреварот се игра в понеделник во 15 часот и од истиот ќе биде емитуван директен Тв пренос на каналот RaiSport 2. Следните два натпревари тимот на „Академија Пандев“ ќе ги одигра на 16 март во 14,30 часот против тимот на ФК „Апиа“ од Австралија и на 19 март во 15 часот против тимот на ФК „Специа“.
На предлог на градоначалникот Зоран Заев, општина Струмица обезбеди финансиска поддршка од 500. 000 денари за реализација на овој проект.
Градоначалникот Зоран Заев на фудбалерите и стручниот штаб им посакува успешен настап и презентација на општина Струмица и Република Македонија.