Струмица со победа против Бест – 75-71
Екипата на Струмица, сепак, не дозволи кошаркарите на Бест да приредат некое изненадување и да ја освојат првата победа во тековната сезона. Струмичани, беа поуспешни од вториот клуб од Гевгелија во дербито на дното во рамки на 19. коло откако славеа со 75-71 (18-29, 19-16, 22-13, )
Очигледно беше дека кошаркарите на Бест се гладни за прва победа во кошаркарската елита на Македонија, па диктираа брз ритам уште на почетокот на средбата што резултираше со двоцифрено водство на истекотот на првите десет минути (18-29). Сепак, составот на Стурмица само се загреваше и не му дозволи на нивниот вечерашен противник да приреди некое изненадување. Започна Гоцевски да шутира од далечина, а „проектилите“ завршуваа во обрачот по што полеко почна да се топи предноста на гостинскиот состав. На полувремето се замина со осум поени предност за кошаркарите на Бест (37-45).
По паузата – сосема нова слика на паркетот. Струмичани започнаа да го диктираат темпото на натпреварот, а кошаркарите на Бест имаа сила да уфрлат смао 13 поени во третиот период па во последните десет минути се влезе со еден поен предност за домашниот состав. Дербито за дното на табелата го покажа својот карактер тек во последните десет минути. Кошаркарите од двете екипи водеа изедначена борба за минимална предност од еден поен која ја префрлаа сè до крајот на средбата. Последното водство за Струмица, кое му го донесе Марковиќ од линијата за слободни фрлања (71-69) го анулираше Тејрон Харис на идентичен начин за резултатски егал во последните 90 секунди. Големиот број на прекини на мечот влијаеше на концентрацијата на кошаркарите на Бест, па како што порасна бројот на лични грешки, така порасна и бројот на поени постигнати од линијата за слбоодни фрлања кај противникот. Со поените на Maрковиќ од линијата за ’пенали’, Струмица славеше со конечни 75-71.
Најефикасен во редовите на Струмица беше Мрџан Марковиќ кој натпреварот го заврши со 21 поен и пет скокови два поени повеќе од Андрејевиќ, додека капитенот Ефтим Богоев уфрли 15 поени.
Милан Марковиќ од Бест оствари дабл-дабл ефект од 12 поени и 11 скокови, додека Тејрон Харис забележа 17 поени, исто колку и капитенот Гајдаџиев.