Асфалтирана улица во с.Иловица
Заврши асфалтирањето на улицата односно „Велосипедската патека“ во населеното место Иловица. Должината на оваа улица е околу 435 метри а средствата за изградбата беа обезбедени преку Програмата за рурален развој од 2015 година и Буџетот на општина Босилово. Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 2 200 000 денари.
Улицата се протега од селската црква па се до таканаречената „Асанова“ чешма.