Дени Илиев го оперираше коленото, ќе паузира три месеци

Дејан Илиев, голманот на младинската фудбалска репрезентација успешно го оперираше менискусот на десното колено и ќе биде надвор од терените неколку месеци.

Младиот струмичанец кој е член на Арсенал е опериран во клиника во Лондон, а меѓу стативите се очекува да се врати на почетокот на мај. „Сега се чувствувам добро, време е за рехабилитација“, напиша Илиев на својот „фејсбук“ профил и доби голема поддршка од љубителите на фудбалот.

 

види повеќе на-http://sportmedia.mk/fudbal/internacionalci/iliev-go-operirashe-meniskusot-na-kolenoto-kje-pauzira-tri-meseci

Напишете коментар