Скандал во струмичките болници: Погребален оператор делел подароци за да му јавуваат кога некој ќе почине
Еден прилепчанец и 15 лица од Струмица и струмичко заработија кривични пријави. Дел од лицата кои биле вработени во струмичката болница на сопственик и управител на погребен оператор (прво и второпријавениот) им доставувале информации за починати лица во болницата, а за тоа добивале подароци во вид на парични средства и друго. СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицата И.Н. (40) од Прилеп, Љ.Ѓ. (41) од Струмица, Т.Н. (43) од с.Василево, струмичко, М.Т. (58) од с.Костурино, струмичко, Л.Б. (62) од с.Босилово, струмичко, А.Г. (50), С.Ш. (42), В.В. (53), К.П. (54), М.Т. (52), В.К. (57), К.Д. (56), Т.Г. (56), Р.Ј. (48), К.П. (54) и Т.В. (50), сите од Струмица, постои постоење основи на сомнение дека прво и второ пријавените сториле кривично дело неовластено давање на подароци, додека пак останатите пријавени сториле кривично дело неовластено примање на подароци. Како што информираат од МВР, првопријавениот, како вработен во погребалниот оператор ДПТУ „ИГОР и Б Интернационал“ ДООЕЛ-Струмица, во договор со второпријавениот како сопственик и управител на наведениот правен субјект и на правниот субјект ДПТУ „Атила Интернационал Груп“ ДООЕЛ-СТРУМИЦА, во текот на 2015 и 2016 година, со цел остварување на противправна корист, во повеќе наврати им давал подарок-парични средства, мобилни телефони и друга корист на останатите пријавени. Тие како вработени во ЈЗУ„Здравствен Дом“ – Струмица и ЈЗУ „Општа Болница“ им овозможувале на првопријавените приоритетно јавување и превземање на оператори и производители на погребална опрема на подрачјето на Општина Струмица. |
Преземено.точка.мк