Пијалок кој ги Топи Килограмите

Состојки:

  • една лажичка јаболков оцет
  • прст лута мелена пиперка
  • сок и кора од еден лимон

Подготовка:
Истругајте ја лимоновата кора и полијте ја со 240 мл врела вода.

После 10 мин додадете го сокот од лимон, јаболковиот оцет и мелената лута пиперка.

Измешајте пред секоја голтка и пијте пред и после секој оброк.

ЗОШТО ОВОЈ НАПИТОК Е ТОЛКУ ЕФИКАСЕН?

Мелената пиперка помага во варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите.

Всушност, нејзината состојка, капсаицин, го стимулира нервниот систем да произведе топлина во организмот што поттикнува забрзано трошење на калории.

Лимонот содржи соединенија кои го успоруваат таложењето на масти, а неговата кора содржи полокосанол, соединение кое помага во согорување на наталожените масти.

Јаболковиот оцет, односно неговото редовно конзумирање во умерени количини, помага во растварање на мастите во организмот.

Напишете коментар