Се одржа завршна конференција на здруженијата на граѓани поддржани од општина Струмица
Во организација на Центарот на заедницата и општина Струмица, денеска, се одржа завршна конференција со здруженијата на граѓани кои добија финансиска поддршка од општинскиот буџет за оваа 2015 година по за реализација на нивните проектни активности.
-Денеска се одржува завршна конференција на која што сите здруженија на граѓани, кои на една јавна и траснпарентна процедура конкурираа за финансиска поддршка од буџетот на општина Струмица по две програми G1 и V2 програмата заради реализација на своите програмски активности за 2015 година, јавно пред граѓаните ќе ги соопштат своите достигнувања. Општина Струмица е прва општина во државата, која што на еден ваков транспарентен и јавен начин согласно јавна процедура ги распределува средствата од граѓаните за такви граѓански иницијативи, односно реализација на проекти кои што се однесуваат за граѓаните, односно, кои се од граѓаните за граѓаните. Општина Струмица во иднина оваа процедура ќе ја подобрува, односно, веќе е во тек подобрување на самата процедура така што за 2016 година ќе имаме процедура за доделување на финансиски средства по програми, бидејќи констатиравме дека граѓанските здруженија кои се уште немаат изградено капацитет и свои ресурси да креираат проекти заслужуваат да бидат поддржувани во рамки на своите програмски активности за целата тековна година. Се надевам дека ова ќе биде уште еден пример и за другите општини во државата како треба да се трошат јавните, односно парите на граѓаните. За 2015 година на јавниот конкурс за локална контрибуција на проекти за невладните организации, односно здруженија на граѓани, имавме предвидено во двете програми околу 2 милиони денари во буџетот на општина Струмица, односно еден милион и триста илјади денари во програмата G1 и околу 600 илјади денари за програмата V2, која се однесува за социјалната сфера, односно во рамките на социјалната заштита. На конкурсот се пријавија околу 30 здруженија и тоа 21 здружение по G1 програмата и речиси сите тие беа финансиски подрржани, бидејќи ги исполнуваа условите согласно јавниот повик. На V2 програмата се пријавија 9 здруженија на граѓани од кои што седум ги исполнуваа условите, односно, критериумите за поддршка и се здобија со финансиски средства за реализација на нивните проекти. Денеска, сите тие здруженија се тука и со свои презентации пред граѓаните да ги покажат своите достигнувања, кои се однесуваат на реализацијата на нивните проекти, рече Тони Милушев, раководител на одделението за Локален економски развој на општина Струмица.