о.Василево- Започна Изградбата на Поројот во Сушево
Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов заедно со пратеникот од оваа општина г-дин Дајанчо Ефтимов, денес беа во с. Сушево каде во тек се градежни активности на изградба на Сушевскиот порој.
„Деновиве почнавме со реализација односно со решавање на еден крупен проблем кој го имаа жителите на населеното место Сушево, предизвикан од поплавите во јануари и фебруари 2013 година кога овде беа нанесени огромни штети, изјави градоначалникот Стојанов при неговата денешна посета на с. Сушева. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој и тоа околу 20 000 000 денари и околу 2 000 000 денари сопствени средства на општината. На задоволство на сите граѓани на ова населено место, како што рече градоначалникот Стојанов, овој горлив проблем , набргу ќе биде решен, а многу бргу овде ќе започне да се реализира уште еден крупен проект, односно ќе започнат активности на изградба , асфалтирање, на улица веднаш до поројот и пешачка патека со што ќе се зголеми безбедноста на сите граѓани особено патувањето на децата до училиштето. Со изградбата на улицата чиј буџет е околу 14 000 000 денари и регулацијата на поројот, во населеното место Сушево квалитетно и трајно ќе се реши еден од најголемите проблеми што во моментот го имаат граѓаните на ова населено место.