Бранко Кончалиев-Добитник на Наградата за Животно Дело
Во чест на чествувањето на струмичкиот патрон и празник, заштитниците на градот Струмица, традиционално се одржаa многу манифестации на културен, забаввен карактер како и Свечената седница во организација на општина Струмица.
Беа доделени „Годишна награда на општина Струмица“ и наградата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за животно дело“.
Свечената седница ја отвори хорот од гимназијата „Јане Сандански“ а збор зедоа господинот Кирил Патаров, секретар на општина Струмица и господинот Јосиф Христов, претседател на советот на општина Струмица. Поздравен говор одржа и градоначалникот Зоран Заев.
Годишните награди им беа доделени на:
- Ана Тимова Цунева – професорка по музика во „Боро Џони“
- Вања Изова Велева – поет и директорка на гимназијата „Јане Сандански“ Струмица
- Трајче Ѓоргиев – музички изведувач
- Недим Еминов – Кардешлик
- Туристичка агенција Атлантис
- Никола Георгиев – одбојкар
Наградата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за животно дело“ оваа година му припадна на сликарот Бранко Кончалиев.
Оваа година беше доделена и посебна годишна награда која ѝ беше доделена на Американката Грејс Мукупа од Американскиот мировен корпус.