Со Мандарини до Нежно Лице
Започна сезоната на портокалите и мандарините кои се богати со витамините ц и б како и со магнезиум, калциум, бетакеротин. Покрај тоа што помага за здравјето и за подигањето на имунитетот, добро делува и за кожата на лицито од есенско време кое го надразнува лицето со променливото време.
Еднаш месечно треба да направете пилинг од мандарини. Потребно ви е 4 мандарини кои ќе ги исцедите во некој сад, потоа во топла вода растопете лажици шекер, откако ќе се олади додаете го сокот од мандарините.
Оваа смеса може да ја нанесете на влажно лице и врат, измасирајте се и потоа со млака вода може да се измиете и да си нанесете хидрантна крема.
Еднаш неделно може да исчистете мандарина и со лажица павлака може да се направете облога која на претходно чисто лице ќе ја ставете да стои 15 минути, потоа се миете со млака па со ладна вода.
Оваа свежа овошна маска ќе ви го исчисти лицето, ќе го хидрира лицето и ќе го направи по мазно.