ЛК СДММ Струмица- Премиере во Заминување Вратете ни ги Најблиските

Денеска младите од ЛК СДММ Струмица во центарот на градот одржаа прес конференција на која истакнаа дека лошата политика на Владата и Груевски е виновна за се поголемото иселување на младите од земјата.
Еве го интегралниот текст од прес конференцијата.
Почитувани граѓани,

Барањето егзистенција и заминувањето на младите луѓе на печалба е само уште еден резултат на лошата политика на Никола Груевски и владеењето на ВМРО ДПМНЕ, политика во која младите се заборавени и обесправени. Секојдневно млади луѓе го напуштаат своето огниште, својата татковина и итаат кон белиот свет со надеж дека ќе најдат парче леб за себе и за своето семејство. Низ елегичните пораки и мисли на Антон Панов и неговата драма “Печалбари” ќе ја насликаме голготата на младите луѓе и нивните семејства, роднини и пријатели, печалбари на денешницата. Премиере во заминување, во име на сите оние млади луѓе кои копнеат по своите, во име на сите родители и пријатели кои живеат за мигот кога ќе ги прегрнат своите од туѓина ќе ви порачаме:
ВРАТЕТЕ НИ ГИ ДЕЦАТА!
ВРАТЕТЕ НИ ГИ БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ!
ВРАТЕТЕ НИ ГИ РОДНИНИТЕ!
ВРАТЕТЕ НИ ГИ РОДНИНИТЕ И ДРУГАРКИТЕ!
ВРАТЕТЕ ГИ МЛАДИТЕ ДОМА!
ВРАТЕТЕ И ЈА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА!

Напишете коментар