Денеска е св. Злата Мегленска за Многу Години

Култот на Св.Злата како голема маченичка, најпрвин е пренесен во Света Гора, преку игуменот на Светогорскиот манастир Свети Никита, отецот Тимотеј, според чие сведочење е напишано нејзиното житие.

zlata

Житието за маченичката посведочува дека Света Злата била родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, со потекло од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христа верувам и Тој ми е младоженец; од Него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христа и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи. Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада за Христа во 1796 година.

Храм посветен на Света Злата Мегленска во најново време се гради во село Сарај, Скопско и во хрватскиот главен град, Загреб.

Убавата претстава на Света Злата во најново време е насликана од Никола Цонев во манстирот “Свети Наум Охридски” на Попова Шапка, а сликарката Јулијана Апостоловска има насликано уметничка икона што сега се чува во трпезаријата на Лешочкиот манастир.

преземено- денешен.мк

Напишете коментар