Со поддршка на општина Струмица наставниците се обучуваат за работа со деца кои имаат емоционални проблеми
Од 16 до 19 октомври во просториите на средното општинско училиште „Јане Сандански“ се одржува обука за стручните соработници и наставници за идентификација и справување со ученици кои манифестираат емоционални проблеми.
Проектот е поддржан од општина Струмица, а обуката ја спроведуваат психотерапевти од институтот за креативен развој, едукација и психотерапија „Аспекти“.
Целта на проектот е наставниците да се стекнат со нови креативни техники за комуникација со децата кои се соочуваат со емоционални проблеми и развивање на позитивна емоционална клима. Обуката ќе се одвива во два циклуса.