Денеска за Ручек – Макарони со Спанаќ и Пармезан
Доколку денеска немате идеја што да подготвите за ручек еве ви мала помош од нас.
Ние за денеска избравме Макарони со пршута, спанаќ и пармезан.
Потребни состојки
- 350 gr макарони по избор
- 150 gr свеж спанаќ
- 100 gr пармезан
- 50 gr шери домат
- една глава лук
- 250 gr пршута или шунка
- маслиново масло, сол и црн пипер
Подготовка
Насецканиот лук треба да се попржи малку во тавата, откако ќе омекне додадете го спанаќот, солта и пиперот и истите треба да се попржат уште 2-3 минути.
Тргнете ја тавата од оганот и додадете го пармезанот.
Во друга тава попржете ја пршутата и додадете го спанаќот и лукот.
Макароните треба да варат во голема количина со солена вода , потоа процадете ги и додадете го сосот со пршута и спанаќот и пармезанот. На крајот моќете да го декорирате со шери доматите.
Имајте пријатен ручек.