Се одржа турнир во мал фудбал

Во рамките на програмата со која општина Струмица го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, денеска во спортската сала во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ се одржа турнир во мал фудбал за деца родени 2006 (машки) и 2002 (женски). На турнирот учествуваа женскиот фудбалски клуб „Тиверија“, фудбалскиот клубови „Академија Пандев“, „Беласица“ и „Валандово – Вардар“.
Победник на турнирот е женскиот фудбалски клуб „Тиверија“, а наградите ги врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.
Вечерва на програмата се ноќните трки за учениците од основните и средните училишта кои со почеток во 18 часот ќе се одржат во градскиот парк.

 

Напишете коментар