Училиштето „Маршал Тито“ организираше есенски крос за учениците
Во рамките на одбележувањето на детската недела, основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица денеска организираше есенски крос за учениците кој што се одржа во градскиот парк. Во кросот учествуваа учениците од 6 до 9 одделение, а за најдобрите беа обезбедени награди од училиштето.
-Напишавме и пораки со учениците за да допрат до младите затоа што знаеме дека поголем дел од времето го поминуваат пред компјутерите дома, а се помалку ги има по улиците и затоа им праќаме порака повеќе да спортуваат. Нашето училиште е мултиетничко во кое наставата се одвива на македонски и турски наставен јазик и сите заедно спортуваме, се дружиме, правиме редовни и воннаставни активности се со цел да ја зајакнеме мултиетничката соработка меѓу учениците и со нивните родители, рече Благица Устапетрова, директор на училиштето.