Одбележана 1001-та годишнина од смртта на македонскиот цар Самуил
Во организација на општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓани продолжувачи беше одбележана 1001-та годишнина од смртта на македонскиот цар Самуил. На одбележувањето кое што се одржа пред споменикот во градскиот парк присуствуваа и ученици од седмите одделенија од основните училишта во Струмица. Соња Чурлинова, претседател на општинскиот одбор на Сојузот на борците, зборувајќи за значењето на овој ден го потенцираше задоволството што заедно со младите му оддаваат почит на македонскиот цар.