Општина Струмица се вклучи во денешната акција „Македонија без отпад 2015
Општина Струмица и оваа година се вклучи во националната акција „Македонија без отпад 2015“ која што се спроведе денеска. Вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ на две локации покрај транзитниот пат го собираа отпадот и го транспортираа на депонијата „Шапкар“ кај Добрашинци.
-Ова е денешниот придонес на општина Струмица во националната акција „Македонија без отпад 2015“, која и понатаму ќе ги поддржува и ќе учествува во овие и слични на нив акции. Но, морам да нагласам дека општина Струмица, не само денеска, туку, во континуитет, сите 365 дена во годината се грижи за средината во која живеат и работат нејзините граѓани. Но, тоа секако не е доволно. Затоа денеска упатуваме апел до граѓаните за нивно помасовно и посериозно вклучување во заштитата на животната средина. Да ја подигнеме еколошката свест и да дадеме заеднички влог во средината која не опкружува, за нашето здравје и за здравјето на нашите поколенија, рече м-р Силвана Црвен Мицева координатор на акцијата од општина Струмица.
Во акцијата се вклучија и сите основни и средни општински училишта каде што се чистеа училишните дворови.
Со вклученоста во денешната акција „Македонија без отпад 2015“, градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица уште еднаш ја потврдија континуираната грижа за животната средина.