„Паркиралишта Струмица“ почна со обележување на хоризонталната сигнализација во градот
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, доцна синоќа започна со обележувањето на хоризонталата сигнализација во градот. Обележувањето го врши за прв пат, откако оваа надлежност му беше доделена со одлука донесена од Советот на општина Струмица. Од „Паркиралишта Струмица“ информираа дека првиот ден поминал во согласност со предвидените проекции, а бележењето ќе се врши секоја вечер доколку тоа го дозволуваат временските услови.
-Приоритет се даде на централното градско подрачје, односно, на булеварот „Маршал Тито“ каде се опфатени пешачките и осовинските линии, стрелките, рабниците, паркинг местата и сите останати хоризонтални ознаки на асфалтот. Ова го правиме со цел да ја зголемиме услужната дејност и безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Обележувањето е извршено во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот, а планирано е да се изврши на површина од 6 илјади метри квадратни во градското подрачје, рече Трајче Тасев, раководител на паркинг и пајак службата при ЈП „Паркиралишта Струмица“.