Во Тек Акцијата на Црвен Крст и Маркет Здравец!
Денес имате уникатна можност да усреќите самохрана мајка и нејзиното детенце. Се работи за акцијата „Нека знае мама дека не е сама“ организирана од страна на “Црвен Крст” – Струмица и маркет Здравец на транзитниот пат во Струмица. Акцијата има за цел да се соберат средства со купување и донирање производи од маркетот кои ќе им бидат од корист на самохраните мајки. Акцијата е во тек и ќе трае се до 21:00 часот.
Тимот на Струмица Портал пред малку донираше неколку продукти за лична хигиена. Ги поттикнуваме сите хумани луѓе да го дадат својот придонес!
Жена може да е самохрана мајка по сопствен избор или по избор на животот. Но и во едниот и во другиот случај само на неа остануваат валкани пелени и плачењето во текот на ноќта. Донирајте и израдувајте некое детенце денес!