Реакција на одржаната прес конференција на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Струмица 22.09.2015г
Почитувани,
Општина Струмица најостро ги демантира обвинувањата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ дека зад денешниот протест на граѓанскиот сектор против барокот на Груевски во Струмица, стои градоначалникот Зоран Заев. И поради тоа бара јавно извинување.
Советниците на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш, попладнево, ја излажаа јавноста. Нивната влада не гради објект во Струмица, таа и не направила такво нешто досега, туку, реконструира објект, кој прво го остави да се распаѓа цели пет години, за сега да вложува 1,1 милион евра, народни пари во него. И каде беа советниците на ВМРО ДПМНЕ кога реагираа граѓаните за пропаѓањето на објектот? Немо молчеа пет години, а денеска ја замајуваат јавноста со нивните лаги. И во чие име реагираат, што се тие, советници, влада, членови на ВМРО ДПМНЕ?
Ако објектот е од големо значење за граѓаните и компаниите, како што велат, зошто Владата го остави 5 години да пропаѓа и да стане дувло во централното градско подрачје? Како тоа сега наеднаш, стана многу значаен објект.
Советници од ВМРО ДПМНЕ,
Попладнево без срам, рековте, доколку Заев беше нормален градоначалник ќе излезеше да се заблагодари. Колку ниско од Ваша страна. Да беше ова навистина нов објект на владата, градоначалникот Зоран Заев има доблест и ќе се заблагодареше, но имате ли Вие доблест да ги извадите розовите очила и да видите дека не е се така нормално околу Вас, како што ви кажува Вашиот премиер. Имате ли доблест да ги посетите неисчистените речни корита и канали и да и кажете на Вашата влада оти со години ги лажете луѓето, а се уште не сте исчистиле ниту еден метар во општина Струмица.
Но, Вие не сте такви.