Топло добредојде за новите членови на Младинскиот Совет
Вчера, понеделник, Младински Совет – Струмица се промовираше во средните општински училишта за учениците од прва година, кои мислат дека се доволно одговорни и подготвени да бидат членови на Младинскиот Совет.
Во трите училишта се одржаа презентации од страна на постарите членови кои им ја објаснија работата на Младински Совет и сликовито им ги прикажаа сработените проекти, но и оние проекти коишто допрва доаѓаат.
Учениците коишто ќе се зачленат ќе бидат дел од новите планирани проекти и ќе работат во групи заедно со старите членови. Секој нов член ќе има можност да даде свој придонес во работењето на Младински Совет.
http://www.mss.org.mk/