„Скајп“ не работи во цел свет
Популарната апликација за комуникација „скајп“ денеска се соочува со глобален проблем. Нервозните корисници се жалат по социјалните мрежи дека не можат да се најават на своите профили.
„Во моментов сме преоптоварени… Ве молиме обидете се подоцна или симнете го „скајп“ за да го користите во кое било време“, стои на интернет-страницата на „Скајп“.
„Свесни сме за проблемот што во моментов се одрази врз статусот на „скајп“ и работиме за да го средиме“, стои на твитер-профилот на „Скајп поддршка“.
Превземено-Мета.МК