Изложба Рудници на Култура

Синоќа во Заводот и Музеј Струмица се одржа изложбата Рудници на Култура.
Групната изложба „Рудници на култура – од индустриска до уметничка револуција“е настаната во рамките на меѓународниот мултидисциплинарен проект „Рудници на културата“ чиј иницијатор и носител е организацијата Лабин Арт Експрес XXI (Лабин, Хрватска). Селекторот Branko Franceschi во изборот на своите дела ја преиспитува промената во однос на уметничката пракса и општествените елементи од историската авангарда кои иницирале излегување на уметноста од областа на производство на чиста естетска форма во секојдевниот живот и нејзината реализација во областа на политичката и општествената одговорност до современиот момент во кој критичкото размислување за реалното станал база на уметничко создавање.
Целта на проектот „Рудници на култура“ е да воспостави платформа за ревалоризација, заштита и ревитализација на значајното рударско културно наследство во државите кои настанаа на подрачјето на поранешна Југославија. Рударството во поранешна Југославија не само што било генератор на општествениот развој туку едно од ретките области каде традиционалната поврзаност и солидарноста се негови најбитни актери – рударите подоцна се судруваат со националните и новодржавни поделби и судири.
10850274_1623832354562452_6768838396684670090_n

11140317_1623831861229168_1269484126311289966_n

11896513_1623831987895822_6309223316796813829_o

11924573_1623832271229127_5194576276307003853_n

11947484_1623833231229031_3848906199392562158_n

11951215_1623833867895634_5957583007339749031_n

11951370_1623832534562434_3800454713961654892_n

11954748_1623831741229180_2967338113501302855_n
Учесници на оваа изложба беа-
Аутопсија (Словенија) – Челична книга – метален објект. Лајбах (Словенија) – Инструменталност на државниот апарат – триптих
. Метал Гуру (Хрватска) – Споменик на херојот 21 век – видео перформанс
. Дарио Шолман (Хрватска) – Ѕвезден град – видео и цртежи
. Желимир Жилник (Србија) – Стара капиталистичка доктрина – документарен филм
Владимир Кнежевиќ (Босна и Херцеговина) – Крал и кралица – метална скулптура
Младен Милјановиќ (Босна и Херцеговина) – „Коза Ностра“/“Наша работа“ – видео перформанс
Ирена Лагатор Пејовиќ (Црна Гора) – Равенство – инсталација
Никола Пијанманов -гостин уметник (Македонија) – Закован прозорец – (комбинирана техника на дрво)
Селектор: Branko Franceschi

Напишете коментар