Акција на СВР Струмица-Безбедно од Домот до Училиштето и од Училиштето до Домот

Отсекот за превенција, со Секторот за Внатрешни Работи во кординација со полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот и оваа година го реализираше проектот Безбедно од Домот до Училиштето и од Училишето до Домот за најмалите учесници во сообрќајот.

Според Љупчо Алаѓозовски, Водич за Безбедност на Патиштата при Свр Струмица,овој проект ќе се реализира во текот на месец септември,каде полициски службеници во континуитет ќе ја следат состојбата во основните училишта во време на пристигнувањето и заминувањето на најмалите учесници во сообраќајот.

Покрај безбедноста на најмлите учесници во сообраќајот,фокусот ќе биде и на другите учесници во сообраќајот и истите да ги почитуваат сообраќајните прописи,ќе се презимаат мерки против прекршителите на законските прописи,забрането паркирање пред училиштата,паркирање на тротоарите,на пешачките премини,како и попречување на видикот за прегледност во сообраќајот.

Оваа се прави се со цел најмалите учесници безбедно да учествуваат во сообраќајот.

 

Напишете коментар