Макс е Новото Име на Зомимак
Македонскиот ракометен вицешампион Зомимак, во новата сезона ќе влезе со ново име. Ракометниот клуб Струмица кој досега го менуваше името во зависност од главниот спонзор, следната сезона ќе се вика Макс Струмица.
Нов генерален спонзор на клубот е компанијата „Макс“, којашто е дел од прехранбената индустрија и е поранешен спонзор на одбојкарскиот тим Струмица.
– Точно е, клубот отсега ќе го носи името Макс Струмица. Сепак, и покрај промената на името раководството на екипата останува исто непроменето. Компанијата „Макс“ и досега беше дел од спонзорскиот тим на клубот, но од сезонава таа ќе биде генерален. Клубот, за разлика од минатата сезона, има 30 проценти поголем буџет што е во сооднос со нашите амбиции. Што се однесува до „Макс“, тоа е фирма која е дел од прехранбената индустрија, а која во минатото 15 години беше спонзор на одбојкарскиот клуб во Струмица – изјави претседателот на клубот, Славе Гошев, потврдуваќи ја информацијата.
Поради тоа годишниот буџет на екипата ќе биде поголем за 30 проценти, и се очекува РК Струмица да продолжи со трендот на добри игри на меѓународната сцена во ЕХФ-купот и СЕХА лигата и повторување на успехот од минатата година, второто место во Македонија.
Преземено од Република.мк