AIRBUS Патентира Хиперсоничен Авион
Агенцијата за патенти и трговски права на САД , издаде патент на авиокомпанијата Аирбас за конструирање на суперсоничен патнички авион.
Авион ќе се дига со помош на турбовентилаторни мотори кои што ќе ја зголемат брзината до брзината на звукот,по тоа моторите ќе се исклучат.Паралелно со тој процес ќе се вклучат реактивните мотори кои се наоѓаат во задниот дел на опашката од авионот,со тоа брзината ќе се зголеми 3 пати како брзината на звукот.
Тоа на овој авион ќе му овозможи да се искачи на висина од 30 километри,а максималната брзина ќе биде 5300 км на час.