Победа за Струмица на Турнирот во Струга
Македонскиот ракометен вицепрвак Струмица ја забележа првата победа на меѓународниот турнир во Струга совладувајќи го тимот на Динамо Букурешт со 25:24. Романците во поголем дел од мечот го контролираа резултатот, но финишот на струмичани им донесе водството пред финишот на мечот кое мудро го задржаа до крајот. Најпрецизен во составот на Струмица беше Чантурија со 7 погодоци додека Пецаковски додаде 5.