Општина Василево ќе Спроведува Буџетски форум
Денес, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, потпиша Договор за Буџетски форум, кој ќе се спроведува во периодот од август 2015 до октомври 2016 година. Заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) при Амбасадата на Швајцарија во Р.Македонија и Единицата за координација на форумите (ЕКФ)
Општина Василево, на транспарентен, отчетен и парципативен начин со најдиректна вклученост на граѓаните ќе го креира и реализира општинскиот Буџет за наредната 2016 година.
Според денес потпишаниот Договор, за реализација на Буџетскиот форум Швајцарската Агенција за развој и соработка, на општина Василево ќе и одобри средства во износ од 825 000 денари.
Воедно денес беше одржан и првиот координативен состанок на кој заедно со претставниците на SDC беше разговарано за сите подготвителни работи неопходни за успешна реализација на целиот процес.
Општина Василево е една од десетте општини во државата кои во споменатиот период ќе спроведат Буџетски форум.
Во рамки на Програмата Форуми во заедницата општина Василево има реализирано Меѓуопштински форум заедно со соседната општина Босилово, во чии рамки општините набавија механизација за расчистување на каналската мрежа.