ИПАРД – Програмата Претставена и во општина Босилово

 

Во просториите на општина Босилово претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (сектор ИПАРД) одржаа презентација и објаснување за ИПАРД повикот кој е објавен и ќе трае се до 15 Септември.

ИПАРД Програмата – нуди поволни можности за земјоделските производители од општина Босилово со кофинансирање од 75% од реализираната инвестиција.

Програмата содржи голем број на мерки за набавка на земјоделска механизација, опрема, системи капка по капка, изградба на сточарски објекти и сл.

Напишете коментар